како ли треба да изледаат желбите

за да ги збере во волшебната ламба на Аладин?

имам точно 20 минути да дадам потполн и точен одговор!

и…

… гледам во небото кое  ги стиска палците

во име на мојата среќа

јас се мислам,

не знам од каде да почнам

никогаш не сум ни знаела

можеби

да притиснам ентер?

да се поклонам?

да дувнам неколку свеќички?

од каде почнуваат желбите

се прашувам,

моите сигурно не почнуваат од таму

од ваму од никаде

премногу големи да ги збере во ламбата

премногу тешки да ги носам во мене

воздивнувам

мислат ли духовите на мене

додека сакам да посакам нешто

а, само стојам

без скриени џебови на панталоните за збунетите раце

пришиени баш за вакви моменти кога незнаат каде би потрчале

стојам

небото гледа во мене и чека да запеам

чека

како што се чека на молитвите за дожд

дожд во неговите чевли

од кој не може да се избега

кога облаците точно знаат да посакуваат

среда е,

врне…

редно е, мислам, да се одселам од тука!

незнам,

би почнала со местото на кое седевме…

сосема неважно,

но моето поетизирање на работите неможе да помине без тоа

значи

сосема обична дневна

со голем прозорец на кој висат накотени облаци

тапациран мебел во земјени бои на места избледен

дрвена масичка и две шољички превриено кафе

кебенце префлено преку колената

некој лијт цигари

и секако столна ламбичка во измешани нијанси

од страста на црвената и енергијата на жолтата:

 

- подај ми го индигото, денес ке вежбаме препишување љубов.

- препис на бои 

-препис на љубов

-препис на очи – мрморев, додека го барав индигото во преполната фиока.

-а што стана со вчерашниот свет и ветрот и како ние со нив?

-и кулите што ни ги рушат – потпрашував неуморно, како младо чираче својот калфа,

бидејќи далеку сме уште од мајстори, еве види по платата гледам, мала ни е

не, не, не се жалам

па и така ние сме гладни само за љубов…

-тогаш, молчи и пишувај. да ја зачуваме љубовта – ми одговори подавајќи ми од цигарите.

- и те молам со читки блок букви, знаеш како ме нервираат оние китнестите – се насмевна палаво.

машкиот свет е многу прост и едноставно сака

да се пика само во нашето меѓуножје

тоа е едно од оние големи вистини кои не се кријат во светот

се засмеавме на тоа – додади – рече

зашто ете и ние сакаме да се пикаат баш таму.!

толку за љубовта.

-ке се потпишам - реков -

за сите оние кои се чуствуваат подобро

ако на нивниот примерок има автограм.

се насмевнавме. овој пат секоја за себе.

-знаеш тоа би му дошло како малку гламур во утринското кафе.

 (со една флора)

(патувам,  често.

најчесто во меѓувремето)

 

тој нервозно го потсвирнуваше бетовен на своите бркови

мислам концертот за виолина на бетовен

и токму кога преминуваше од дур во мол се сепна:

 

прекриј го вратот, прекриј го вратот-викаше не погледнувајќи во мене.

 

 

сосема недолично за прво видување-си мислев.

со години се допишувавме.

 

ги стисна очите, го префрлив шалот.

 

се кострешам од бисери.

зборуваше нервозно и испрекинато,

полнејќи ги шишенцата од полицата.

во ова тука, токму во ова тука го затворив

оној дел од небото кој почнува од крајот на твоето око

и завршува на почетокот на моето- се насмевна.

не возвратив, веќе бев уморна и гладна.

стоев простум.

тој и понатаму ги полнеше шишенцата.

моето небо е сино јаболко – тивко проговорив.

но ти никогаш не би зачекорил по него- уште потивко додадов-

се плашиш од мравките, знам – повеќе како за себе.

не очекував да ме слушне.

ме погледна отсечно и со првото шишенце замавна по мене.

останаа солени флеки по мојата бела кошула.

извинете, извинете – повторуваше сосема неспретно-

обидувајќи се да ги исчисти трагите.

извинете, извинете, тоа е само мирисот на морето по твоите гради.

се сепна по втор пат вечерта.

брковите му мирисаа на подгорен зејтин.

гледаше втренчено во копчињата на мојата кошула.

ме потсетуваат на нешто. копчињата. на дел кој изостанува.

-мрмореше-

копчиња.навртки.копчиња.

ме допираше по градите.

и потоа се случи се брзо.

водевме љубов на работната маса, меѓу сите тие

шишенца, инструменти, жици, намотки.

 

 

водевме љубов.

неспретно, брзо и отсечно.

мислам,не ја ни свлеков сукњата.

 

 

дури потоа пиевме чај. остатоци од чај.

багремов некој, ако сеуште ме држи помнењето.

 

 

патувам често.

најчесто во меѓувремето.

 

 

тој ми кажа далечините се само форми.

ги искриваат сеќавањата,

сепак багремов.

време беше да одам.

не го видов повеќе. беше зафатен со полнење на шишенцата.

мислам дека дури и престана да ја напушта работилницата.

останавме да се допишуваме.

во едно од писмата ми спомна, направил некоја кутија.

со копчиња.

звучна.

ми прати некоја помала верзија како подарок за еден роденден.

сеуште ја чувам.

ја носам со себе кога патувам,

под сите оние прецизно здиплени неба.

и кога немам време да ги отпакувам мислите

ја пуштам таа мелодија од роденденската честитка

и посакувам да сум таму негде…

животот ми е перверзен.
 

 

(приказните поубаво звучат кога

главните ликови сами ги прераскажуваат)

 
 
се појави ненајавен
седна
моите тишини го засакаа
му прозбореа
од првиот момент
ете така
едноставно
почнаа да зборуваат
допирајќи го со очите
 
тој ми ја стискаше дланката
 
мирисаше на колач со афион
 
денот се струполи скршен преку коленото на ридот
ноќта урлаше во мене
панично
 
дишевме помеѓу пет ѕида
ми го триеше грбот со дланката
се трудеше да го успие мракот во мене
и да ми ги отргне мислите
потпрашувајќи ме прашања за моите предходни животи
 
четири ги одживеав
 

петтиот сакав да го премолчам

во неговата прегратка.

невкусно е веке. како прекиснато тесто – ми рече најискрениот другар

во најнеискрениот град на светот, синоќа.

12 кила ап за три месеци.

и сега никако да ги симнам.

тука се исклучив.

всушност слушав.

сопственото слушање на нејзините зборови.

одвеана си, одвеана си, одвеана си -

ми шепотеше дрско улицата безмилосно

прилепувајќи ми ја главата на мокриот бетон.

понекогаш, ете, се предавам без борба.

уморна.

уморна од сето тоа бесконечно слушање.

не сакам да читам туѓи мисли!

прескокни ја таа лекција -

неколку часа предходно му реков на Мајсторот -

и овие моиве се премногу…

ох,

дете Зошто? незнаеш во што ке прерасне

незнаеш кај ке те пукне…

на пишување ме пука

во градите

таму кај што засади виножито Ти пред некоја година

иако тоа сеуште незнае

јас сум неговата боја, во сите нијанси.

слушај,

не биди тврдоглава,

утре е денот на земјата

по некоја случајност

ти стоиш на неа -

ми се вртеа неговите зборови

додека лежев на врз мокриот бетон на улицата

а ноќта секаше по мојот грб.

се довлечкав до дома.

сама, пијана, растревожена…

во паника го пуштам телевизорот

навика која ја изгубив кога почнав повеке

да слушам од колку да зборувам.

уморно блеев во него

чекајќи да почне

трета светска војна.

во мене.

 

(утрински извадок од (м)еден мејл)